„Не можам да следам кој што прави во Владата, дали спие, игра фудбал, кошарка., ако го видам, ќе биде казнет. На правата седница кажав на министрите дека не смее да се остави таква перцепција. Колку и да е казната, ќе си ја платат“, рече поранешниот претседател на Собранието.
Џафери ова го одговори на прашање на гледач кој се јави во емисијата и праша дали ќе им дозволува на министрите „да играат фудбал?“.Џафери иако поминаа неколку години од тогаш, не сакаше да каже какви зборови си размениле со поранешниот премиер Никола Груевски во инцидентот на собраниската говорница, кога имаше кошкање.
„Тоа беше моментален излив на емоции и реакции на Груевски, кој уште беше тогаш претседател ан ВРМО-ДПМНЕ. Не знаеше дека не смее да се качи горе, еднаш едни пратеници така ги исфрлија од Собрание. Имав можност да го исфрлам, а тоа останува меѓу нас кои зборови сме ги размениле“, наведе тој.