Кон групата „Вагнер“ се обрати и армискиот генерал-полковник Алексеев кој што вели без разлика какви се вашите намери, ова е државен удар, удар врз државата и претседателот – голем удар за имиџот на Русија, вооружените сили не можат да излезат со такви провокација, тоа можеа да го направат само државните непријатели.
„Какви и да се вашите намери, ова е забивање нож во грб на земјата и на претседателот. Само претседателот има право да го назначи највисокиот команден штаб на вооружените сили, а вие се обидувате да навлезете во неговата моќ. Ова е државен удар Ве молам да се предомислите, не треба да го правите ова сега затоа што сега е невозможно да се размислува за поголем удар врз имиџот на Русија и нејзините вооружени сили“, рече Алексеев во видео пораката.
-„Таква провокација можеа да направат само непријателите на Руската Федерација. Ве молам да престанете сега, немало и нема да има употреба на оружје од страна на вооружените сили против вашите единици. Сè уште ни недостигаше да започнеме цивилна војна во земјата во сегашно време. Размислете повторно!“ – порача Алексеев.
.