Фудбалерот Лука Јовиќ вчера наполни 27 години, и по тој повод ги собра своите блиски пријатели и соработници во ресторан во Белград, пишуваат српските медиуми.
Секако, неговата партнерка, поранешната манекенка Софија Милошевиќ, со која спортистот ги има синовите Алексеј и Теодор, беше негова најголема поддршка, а поради нејзиниот стајлинг, сите очи беа насочени кон неа.
Софија се појави облечена во црни чорапи од „Долче и Габана“ кои беа веднаш до под фустанот и во црн корсет.
Не е ни чудо што овој провокативен стајлинг привлече големо внимание, а многумина коментираа дека е посоодветен за поинтимна атмосфера и само за очите на Лука.