Голема шумска површина е проголтана од пламените јазици кои избувнаа вчера во атарот на село Врбен во Националниот парк Маврово. Првичните проценки се дека досега изгореле околу пет хектари површина со ела и ниска вегетација. Од вчера на овој шумски пожар се интервенира од воздух и од земја. Со интервенцијата е превенирано пожарот да не го зафати селото, но едниот крај на пожарот се прошири кон останатиот дел на Шарпланинскиот масив каде и денеска се интервенира со неколку хеликоптери. А долу на теренот дежураат екипи од Националниот парк Маврово и специјалната единица Тигри.Мештаните велат дека нема опасност за селото, но поради ветерот стравуваат пламените јазици да не се префрлат од другата стрна на планината каде има густа шума. Жителите од Врбен ја повикаа на помош и протвпожарната екипа од Гостивар да дежура во атарот на селото за да превенира нова опасност од проширување на пожарот.