„Нашите полицајци беа нападнати во Креган со молотови коктели и други предмети фрлени кон нивното возило… Засега нема повредени“, соопшти полицијата.
Неколку маскирани напаѓачи нападнаа полицајци во Лондондери со молотови коктели и други предмети на парадата против мировниот договор склучен на Велики петок 1998 година, објави полицијата, ден пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Белфаст.
Полицијата соопшти дека нема повредени и повика на смиреност.
„Нашите полицајци беа нападнати во Креган со молотови коктели и други предмети фрлени кон нивното возило… Засега нема повредени“, соопшти полицијата.
Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на мировниот договор од Велики петок, со кој во голема мера заврши тридецениското насилство во Северна Ирска. Малите групи кои се противат на мирот продолжуваат да предизвикуваат спорадично насилство.
