Почетна Македонија(ВИДЕО) Македонски државјанин возел во спротивна лента на автопат во Србија

(ВИДЕО) Македонски државјанин возел во спротивна лента на автопат во Србија

од nenad
0 минути читај за




Полициски службеници кои го контролираат сообраќајот со пресретнувачи, на автопатот Белград – Ниш, кај Гроцка, рано утринава околу 2 часот сопреле возило марка „фолксваген голф“ кое се движело по коловозната лента наменета за сообраќај на возила од спротивниот правец.Возилото било управувано од четириесет и деветгодишен државјанин на Македонија.
Според информациите од МУП, против возачот е поднесена прекршочна пријава.