Со гласање на уставните измени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во заедничка коалиција и Влада, се амнестираат Албанците и албанските партии од вината за промената на Уставот и бугаризацијата на Македонија, вели во денешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
Во раководството на ВМРО-ДПМНЕ неофицијално се слави, се делат функции, а денеска се потврди таа информација кога Мицкоски кажа дека ќе го бараат МВР, ама веројатно ќе го бараат и Министерство за правда, тоа значи дека кадар на Христијан Мицкоски дава амин за внесувањето на Бугарите во Устав. Уставот ќе биде сменет и тоа ќе биде нострифицирано со потпис од кадар на ВМРО-ДПМНЕ, вели Митовски.