Почетна Технологија(ВИДЕО) Кукла – робот која предупредува на лажни вести е поставена пред ГТЦ

(ВИДЕО) Кукла – робот која предупредува на лажни вести е поставена пред ГТЦ

од nenad
1 минути читај за

                              Преку оваа интерактивна акција публиката директно се предупредува за постоењето и намерата на лажните вести, а куклата робот го објаснува начинот на кој тие се презентираат и влијаат на јавноста Центарот за современи уметности (ЦАЦ) пред ГТЦ во Скопје постави т.н. Кукла робот кој предупредува на лажни вести. Преку оваа интерактивна акција публиката директно се предупредува за постоењето и намерата на лажните вести, а куклата робот го објаснува начинот на кој тие се презентираат и влијаат на јавноста.

   

„Центарот за современи уметности директно користејќи ја уметноста и уметничкиот израз активно се вклучува во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат нашето општествто насочувајќи ги граѓаните кон погрешни заклучоци.Самото ументичко дело односно куклата во своето обраќање до публиката потенцира дека лажните вести се креираат со цел да ја дезинформираат јавноста и да ги наведат луѓето на погрешни заклучоци кои влијаат на однесувањето на јавноста, водат кон поларизација на општеството со цел да се предизвикаат поделби и конфликти, ширење паника и намалување на довербата во медиумите. Куклата робот исто ги предупредува граѓаните и дека лажните вести се користат и за политичка манипулација и влијание врз јавното мислење“, велат од Центарот.