ЗБОР 2 и ИНФО КОМПАС ќе ви ја претстават Кралската гробница која се наоѓа помеѓу селата Бонче и Подмол каде се претпоставува дека се наоѓа четвртата изгубена македонска престолнина градот Пелагонија по кого светската наука трага повеќе од 200 години. Разговараме со Антонио Јакимовски, раководител на истражувањата кои тука започнаа уште во 2007 кога гробницата била скоро целата под земја, како се ископувала, кога е ограбена, што се е земено, како се дошло до сегашната состојба и што се е откриено. Исто така разговараме и со археологот Душко Темелкоски за артефактите кои се пронајдените таму, како 3 парадни штита од гардата на македонскиот крал Деметриј II.