Drone video shows the damage after a deadly 7.6 magnitude earthquake on Japan’s western coast. At least 55 people were killed. pic.twitter.com/T6NbuAcrsu
— Abdul Rehman (@solarsyste2720) January 3, 2024
Фото: Твитер
Најмалку 73 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди централна Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавија јапонските медиуми.На социјалните мрежи се појавуваат страшни сцени кои земјотресот ги оставил зад себе.
Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени предизвика голема штета на инфраструктурата и пожари во градот Ваџима, префектурата Ишикава, на брегот на Јапонското Море, но целосниот размер на катастрофата сè уште не е познат, пренесува агенцијата Кјодо.Поради дождот кој, како што е најавено во подрачјата погодени од земјотресот, ќе врне до утре, Јапонската метеоролошка агенција предупреди на потенцијални одрони, а дополнителна опасност се ниските температури.