Најсилниот земјотрес кој се случил во Чиле бил со магнитуда 9,5 и тоа е најсилниот што историјата го памети, се смета дека на магнитуда 10 би се расцепила земјината топка, објасни во денешната епзода на Тешки муабети професорот Михаил Гаревски.
– Најдолг бил на Алјаска со магнитуда 9 и траел три минути. Што поголем земјотрес тоа е поголемо траењето.
Вулканските земјотреси се предвидливи, има потреси денови пред тоа, објасни професорот кој ги побива теориите дека со нуклеарно оружје би можело да се предизвикаат земјотресите во Турција и Сирија.
Според него нуклеарно оружје можеби би можело да предизвика магнитуда до 5, меѓутоа не повеќе од тоа.