Почетна МакедонијаВИДЕО: Ердоган играше кошарка во својата палата, турскиот претседател покажа дека е во форма

ВИДЕО: Ердоган играше кошарка во својата палата, турскиот претседател покажа дека е во форма

од nenad
1 минути читај за




Најсовремен кошаркарски терен постои во „палатата“ во која живее Реџеп Таип Ердоган, покажува видеото објавено на социјалните мрежи, а турскиот претседател игра заедно со блиски соработници, вклучувајќи ги Ибрахим Калин, Мевлут Чавушоглу, Фердин Алтун итн.

   

На видеото објавено од пратеникот од Бурса на АКП, Мустафа Варанк, може да се слушне како 69-годишниот турски претседател Ердоган негодува и протестира поради прекршокот кој го исвиркуваше судијата.

„Беше фаул, ајде, фаул беше“, се слуша како вели турскиот претседател.

Ердоган го испровоцира и соиграчот и поранешен кошаркар Омер Онан по промашениот удар додека тој извикуваше „Ајде Омер, можеш да дадеш кош“.

Турскиот претседател сепак се погрижи да се загрее пред да влезе на теренот за да избегне каква било повреда.