Силна експлозија се слушнала во воена фабрика во централниот ирански град Исфахан, но официјален претставник за безбедност изјави дека нема жртви, објави иранската државна телевизија IRIB на својата веб-страница рано во неделата.
„Експлозијата се случи во еден од центрите за производство на муниција на Министерството за одбрана и според соопштението на политичкиот и безбедносен заменик-шеф на губернијата Исфахан нема жртви“, јави ИРИБ, без да даде дополнителни детали.
Fırst Fotages From Area pic.twitter.com/Hw7w52WwPM
— UKR REPORT (@UKR_Report) January 28, 2023
Неофицијално се работи за напад со дронови, но не е познато чии се истите. Според локални извори активирана е противвоздушната одбрана и воени авиони се забелеажни на небото.
#NEW Fotages From Area pic.twitter.com/mQrHiS6uob
— UKR REPORT (@UKR_Report) January 28, 2023
Дел од патиштата кон градот Исфахан се блокирани од Иранската револуционерна гарда.
Fotages From Area pic.twitter.com/MwHRTIe4Vg
— UKR REPORT (@UKR_Report) January 28, 2023