Почетна Популарно(Видео) Вооружен напад на аеродром во Молдавија: Две лица загинаа

(Видео) Вооружен напад на аеродром во Молдавија: Две лица загинаа

од nenad
0 минути читај за
t

Вооружен маж денеска уби двајца луѓе на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев, откако му бил одбиен влез во земјата. Напаѓачот веќе е приведен, јавија локалните медиуми.

Тие претходно информираа дека странецот, чија националност засега не се открива, отворил оган врз граничен чувар и го ранил откако му бил забранет влез во државата. Потоа пукачот се забарикадирал во просторија на аеродромот, каде што држел заложници.

Молдавските специјални сили започнале операција и го уапсиле напаѓачот.

Според првичните податоци, човекот пристигнал со авион од Турција. Патниците биле евакуирани од аеродромот, кој ги суспендирал сите летови.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

ЛИНК од видеото

.