Почетна Технологија(ВИДЕО) Билјана Ванковска: Јас сум суверенист, а Македонија не смее да биде колонија

(ВИДЕО) Билјана Ванковска: Јас сум суверенист, а Македонија не смее да биде колонија

од nenad
2 минути читај за

   

Во утринската програма на Слободен печат, Ванковска говореше за својот однос кон договорите што ја дефинираат внатрешната и надворешната позиција на Македонија, сметајќи дека рамковниот, преспанскиот и договорот за добрососедство се штетни за нашата земја.Што се однесува до НАТО, таа вели дека е исклучиво против членството на Македонија во каков било воен сојуз. За Европската Унија, пак, Ванковска вели дека ѝ недостасува демократски капацитет, иако не ја отфрла идејата за наше полноправно членство во Унијата.

На прашањето дали е антиалбански кандидат, таа порача дека е космополит, додека за тоа дека пропагира руско влијание во Македонија, ја истакна негативната руска историска улога и формирањето на Санстефанска Бугарија, која директно оди на штета на Македонија. Во однос на војната во Украина кажа дека се работи за класична инвазија на Русија, со што е прекршено меѓународното право.Таа ги демантираше шпекулациите дека зад нејзината кандидатура во заднина стојат поголемите политички партии.

– Некој шпекулираше дека СДСМ ќе ми ги собере потписите, а други, пак, тврдат дека ВМРО ми ги собира потписите за потоа во вториот круг да ја вратам поддршката – истакна Ванковска.

Повеќе од интервјуто на Билјана Ванковска погледнете во видеото во продолжение.