Пејачката Злата Петровиќ беше гостинка на прославата на полнолетството на ќерката на Јана, а новинарите меѓу другото ја прашаа дали ѝ е позната здравствената состојба на Саша Поповиќ со оглед на тоа што во минатото беше во врска со него, а потоа останаа во одлични односи.
Иако беше весела и насмеана додека зборуваше за синот Јован и неговото учество во реалното шоу „Елита“, Злата Петровиќ се растажи кога ја прашаа за Саша, но нејзиниот одговор даде надеж дека Поповиќ ќе се избори со подмолната болест.
Се слушнав со Сузана, и разговаравме два часа. Фала му на Бога, сега е многу, многу подобро. Знам дека Сале е змеј, и знам дека ќе се избори како и досега и му ја посакувам сета среќа на светот – изјави Злата.
Потсетуваме, Саша беше во врска со Злата пред да ја запознае Сузана, а потоа останаа во одлични односи.
Поврзани објави
Сале и јас бевме заедно две години. Таков човек веќе не се раѓа, жими мајка. Покрај него се чувствував како принцеза. Ми пречи кога луѓето велат дека со него сум била од корист. Тој е квалитетен човек и не можев да го објаснам тоа. Бев заљубена и го сакав искрено како момче и како пријател. Тоа го чувствувам и сега – изјави претходно Злата.
Фото: Printscreen Instagram @zlatapetrovic_fan