Откако Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ ја закажаа својата свадбена веселба, поранешната сопруга на Кемиш, Весна Змијанац зборуваше за медиумите.
Весна Змијанац и Зорица Брунцлик не зборуваа три децении, а главна причина за тоа е Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.
Откако се разведе од Весна, Кемиш се ожени со колешката Зорица. Венчавката била одржана во Париз во 1985 година, но не биле одржани свадбени веселби. Токму поради оваа причина, парот сега одлучи да организира гала прослава на која ќе ги собере сите свои најблиски.
Иако Зорица и Кемиш ги решија сите несогласувања со Весна Змијанац, таа не сакаше да зборува за нивната одлука да ги обноват брачните завети пред пријателите и соработниците.
Поврзани објави
Па не ме интересира. Воопшто не се занимавам со тоа“, изјави Весна Змијанац, не сакајќи да открие дали ќе оди на забавата доколку ја поканат.
За потсетување, Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш својата венчавка ја закажаа за 29-ти јуни, кога музичката дива го прославува својот 70-ти роденден.
printskrin Youtube/hype tv