Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ наводно направила сцена во познат бутик, по што нејзиниот партнер морал да ја смирува ситуацијата.
Модната креаторка Мелина Џиновиќ, поранешната сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, повторно е во центарот на вниманието по наводен инцидент во Монако. Според медиумски извори, проблем настанал кога таа не успеала веднаш да купи посакувана „Hermès“ чанта.
Според сведочења, Мелина му се пожалила на својот вереник, кој решил да помогне за да ја добие посакуваната ташна. Неколку дена подоцна, тие повторно го посетиле бутикот, каде тој разговарал со менаџментот за да ја реши ситуацијата.
Поврзани објави
Откако купил скап накит за неа, вработените сепак им ја понудиле посакуваната „Birkin“ чанта, што ја израдувало Мелина. Сепак, според присутните, таа во еден момент повторно го кренала тонот, што го натерало партнерот да ја смирува за да не се создаде дополнителна непријатност.
По завршувањето на купувањето, парот прославил со ручек во луксузен ресторан, а следниот ден Мелина му купила подарок на партнерот како знак на благодарност. Од тогаш, како што велат блиски извори, таа постојано ја носи новата чанта која предизвика толкаво внимание.
printskrin youtube – k1 televizija melina dzinovic