Врската им започнала како пријателство, но по 9 години одлучиле да се венчаат
Саманта Гринстоун и Џош Хоф се венчале и живеат заедно, и покрај тоа што немаат иста сексуална ориентација и Џош не го привлекуваат жени. Нивната приказна предизвикала бројни реакции, позитивни и негативни, но тие одлучиле да останат истрајни во својата одлука.
Тие се запознале пред девет години, а нивната врска започнала како пријателство. Саманта развила чувства кон Џош, кои тој ѝ ги возвратил, велејќи дека го чувствува истото, иако и двајцата биле свесни за нивната различна сексуална ориентација. Иако Џош не го привлекуваат жени, и двајцата се уверени дека се сродни души.
Се венчале во Лос Анџелес и не ја криеле својата среќа. Саманта ја споделила својата возбуда на ТикТок велејќи:
„Се мажам за геј маж. Само што добивме брачен сертификат и тоа е многу возбудливо.“
@samanthawynngreenstone @Jacob Hoff ♬ original sound – Samantha Wynn Greenstone
Иако многумина претпоставиле дека нивниот брак е „лаванда“ (поим што означува брак меѓу хетеросексуални лица од практични причини, како сигурност или општествени норми), Саманта и Џош го негирале тоа, објаснувајќи дека постои искрена љубов и меѓусебна почит. Џош рекол:
„Не сме во ‘лаванда’ брак. Ова е брак полн со љубов, не се работи за практичност, туку за љубов која е чиста и вистинска.“
Поврзани објави
Во едно од своите видеа на ТикТок, Саманта открила детали од нивниот сексуален живот.
„Го правиме тоа на традиционален начин“, рекла таа, објаснувајќи како функционира нивната интимност.
@samanthawynngreenstone @Jacob Hoff #husbandwife #marriage ♬ original sound – Samantha Wynn Greenstone
Џош додал дека Саманта не му е само сопруга, туку и сродна душа и партнерка.
Нивното видео станало вирално и предизвикало бројни коментари. Некои биле збунети, други ги поддржале. Еден тиктокер напишал:
„Честитки! Се надевам дека ќе бидете среќни, навистина изгледате среќно денес. Лаванда бракови се мојот нов омилен тренд!“
Додека многумина коментирале и поставувале прашања за нивната врска, тие останале уверени дека нивната љубов е автентична и дека нивната врска е доказ дека љубовта не познава граници.
ФОТО: ТикТок