Што да правите при болка, вкочанетост и напнатост во вратот? Следете ги упатствата на јапонските сумо-борачи!
На овие борци едноставно им помага – палка. Ја ставаат хоризонтално пред лицето, се потпираат на неа со подбрадокот, внимателно притискајќи ја со него, додека со рацете полека ја подигнуваат палката во висина, т.е. прават движења од спротивен правец. Зошто да не го користиме нивното искуство? Значи, длабоко вдишување, потоа нагло издишување – одиме!
За превенција од остеохондроза правете ја вежбата по 10–15 секунди секое утро, на гладно. Но доколку почувствувате непријатност во вратот, одвојте 35–40 секунди два-три пати дневно, најдобро три-четири часа по јадење.
Благодарение на ова се активираат мускулите на вратот што ги „затегнуваат“ вратните пршлени, а како резултат – се отстранува мускулната спазма.
Поврзани објави
Пред спиење немојте да пиете ни алкохол ни кафе, а избегнувајте и долго седење зад компјутер – тоа претставува голема опасност од настанување на вратна остеохондроза.
Советува: Александар Бојцов, рехабилитолог
Фото: Getty Images