Почетна ПопуларноВардар се засили со Бразилец кој двапати триумфира во македонскиот Куп

Вардар се засили со Бразилец кој двапати триумфира во македонскиот Куп

од nenad
1 минути читај за
t

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се засили со бразилскиот интернационалец Матеус Лемос, кој има 26 години и доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Бразилецот е второ големо засилување за „црвено-црните“, а веќе има искуство во македонскиот фудбал затоа што за екипата од Ѓорче Петров настапуваше две сезони и двапати беше победник во Купот на Македонија.
„Му посакуваме добредојде, а до сите навивачи упатуваме апел, да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно го помагате функционирањето на клубот“, соопштија од Вардар.
Лемос претходно играше за Сан Хозе, Мауа ФК и Комерсиал-МС во неговата татковина.
Извор: sport1.mk

.