Почетна МакедонијаВанчо Ѓорѓиев професор на Факулетот за историја во Скопје е новиот претседател на Комисијата за историски прашања

Ванчо Ѓорѓиев професор на Факулетот за историја во Скопје е новиот претседател на Комисијата за историски прашања

од nenad
1 минути читај за

На седница Владата на Република Македонија го избра новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија. За претседател е назначен Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје. Ѓорѓиев порано беше член на комисијата, но ја напушти во 2021 тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење.

Во новиот состав на комисијата е Александар Литовски, историчар. И тој беше член на историската комисија во периодот 2018 до 2020. Вработен е во Институтот за национална историја и ја истражува новата историја.

Останатите членови на комисијата се: Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје; и Димитар Љоровски, историчар, вработен во Институтот за национална историја.


Post Views:
27