Почетна МакедонијаБугарскиот пасош како политички бизнис и оспорувањето на македонскиот идентитет во Албанија

Бугарскиот пасош како политички бизнис и оспорувањето на македонскиот идентитет во Албанија

од nenad
2 минути читај за

Бугарската политика во Албанија отвора сериозни прашања за начинот на кој се доделува бугарското државјанство, за улогата на посредниците и за можните злоупотреби во постапките за негово стекнување. Сè погласно се поставува прашањето дали зад приказната за наводното масовно бугарско присуство не се крие систем во кој бугарскиот пасош се претвора во профитабилен бизнис, а македонскиот национален идентитет се користи како предмет на политички пазарења.

Кога државјанството се претвора во бизнис, јавноста има право да праша: кој заработува, врз основа на кои докази се доделува и дали секоја постапка се спроведува законски и транспарентно?

Бугарските власти со години ги користат барањата за бугарски пасоши како аргумент за наводното бугарско присуство меѓу населението во Албанија. Но, барањето за пасош не е доказ за национална припадност. Многу Македонци се одлучуваат на таков чекор од економски причини, барајќи можности за работа, полесно патување и подобри услови за живот во европските земји.

Особено загрижува прашањето дали постапките за доделување државјанство се спроведуваат со еднакви критериуми, дали документите за наводно бугарско потекло се проверуваат темелно и дали постојат посредници што од овие постапки остваруваат финансиска корист.

Сепак, реалната состојба треба да се анализира врз основа на проверливи податоци, според податоците објавени на официјалната интернет-страница на Централната изборна комисија на Република Бугарија, за гласање биле пријавени 41 лице во Корча и 7 лица во бугарската амбасада во Тирана.

Ставот на редакцијата, со години дејствуваат поединци и организации кои добиваат поддршка од бугарските власти и се обидуваат да го оспорат македонскиот национален идентитет на локалното население.

Сето ова е еден јасен показател дека „новоосознаени“ Бугари има во места каде никогаш немало никакви исполувања на било какви бугарски чувства. Но, големите финансии вложени во бугарската пропаганда, кон кои се приклучија сите Бугари, од претседатели до чувари, очигледно вложиле со плод.

Списоците за пријавени следниве лица: Централна избирателна комисия (cik.bg)

 

 

Аналитички тим на редакцијата на македонскиот весник “Илинден“


Post Views: 56