Почетна ЕкономијаБројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2026 година е намален за 8,4 проценти во споредба со истиот период лани

Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2026 година е намален за 8,4 проценти во споредба со истиот период лани

од nenad
1 минути читај за

Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2026 година изнесувал 8.091.000 и е намален за 8,4 проценти во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, најголемо намалување на бројот на превезени патници е забележано во градскиот превоз, за 12,1 процент. Во приградскиот превоз бројот на патници е намален за 5,7 проценти, во меѓуградскиот за 0,5 проценти, а во меѓународниот превоз за 0,8 проценти.

Во истиот период, вкупниот број патнички километри изнесувал 287.787.000, што претставува намалување од 1,5 процент во однос на третото тримесечје од 2025 година.

Намалување на патничките километри е регистрирано во градскиот превоз за 7,6 проценти и во меѓународниот превоз за 2,4 проценти. Од друга страна, во приградскиот превоз е забележан раст од 4 проценти, а во меѓуградскиот превоз од 0,1 процент.

Извор: МИА