Почетна СветБројот на загинати во Сирија надмина 700 лица

Бројот на загинати во Сирија надмина 700 лица

од nenad
1 минути читај за

Бројот на загинати во Сирија како резултат на земјотресот се зголеми на 711, соопшти Министерството за здравство на земјата.

„Во провинциите Алепо, Латакија, Хама, Идлиб и Тартус загинаа 711 лица, а 1.431 се повредени. Овие податоци не се конечни“, соопшти сириското Министерство за здравство.
Во понеделник наутро, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди југоисточна Турција, што го прави најсилниот од 1939 година, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Според последните податоци, загинале 2316 лица, речиси 13,3 илјади биле повредени. Пријавени се штети и во неколку региони на Сирија, потреси се почувствувани и во либанскиот главен град Бејрут.

Инспирирано од: infomax.mk