Почетна ПопуларноБританскиот министер за одбрана призна: Снемува оружје од залихите за испраќање во Украина

Британскиот министер за одбрана призна: Снемува оружје од залихите за испраќање во Украина

од nenad
1 минути читај за

На Велика Британија и на другите сојузници на Украина им снемува оружје за да го обезбедат Киев. Ова го изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас во интервју за Вашингтон пост.
„Сите ја видовме реалноста дека ни снемува оружје“, рекол Валас. Според него, сојузниците на Украина се принудени да купат повеќе оружје за Киев, бидејќи не можат да го обезбедат од националните залихи.
Во исто време, шефот на британското Министерство за одбрана нагласи дека Западот сепак има намера да обезбеди оружје и финансирање на Украина, без да го турка Киев на преговори со Москва.
Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Блумберг изјави дека земјите од алијансата треба да го зголемат производството на оружје, бидејќи залихите на оружје се исцрпени поради испораките во Киев.

.