По рецепт на Стефанија Алкалајлех
Доколку ви треба енергија попладне за да продолжите со денот, овие протеински мафини со банана се совршени за пауза со кафе. Рецептот е на Стефанија Алкалајлех (snestorovskaa): „Ако работев во канцеларија, ова би го понела за второто кафе на пауза“, пишува таа во описот. Многу лесно се приготвуваат, а заситуваат и воодушевуваат со својот вкус. Пробајте!
Состојки:
- 2 зрели банани
- 2 јајца
- 1/4 шолја путер од бадем
- 1 шолја овесно брашно
- 1/2 шолја протеин од ванила
- 1 лажиче печиво
- засладувач (по желба)
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 170°Ц и подгответе плех за мафини со калапи (не се препорачува да се печат без калапи зашто речиси и да нема масло во нив, па сигурно ќе се залепат)
Поврзани објави
2. Изгмечете ги бананите па додајте ги јајцата и убаво промешајте. Додајте ги сите преостанати состојки и убаво мешајте. Стефанија додава вишни, но може да додадете што сакате. Чоколатца/малини/јатки и слично.
3. Печете околу 18-20 минути. Кога ќе боцнете со нож, треба да ви излезе чист, без залепена смеса на него. Така знаете дека се готови.
Погледнете ја целата постапка во видеото во продолжение…
ФОТО: ИНСТАГРАМ