Младата пејачка се реши за естетски зафат за кој подолго време мечтаела, а резултатот е видлив веднаш!
Пејачката Анѓела Игњатовиќ, позната како Бресквица, неодамна ја посети естетската хирургија и се подложи на интервенција со хијалурон. Како што откриваат извори блиски до неа, таа сакала да ја нагласи својата брада за да постигне поизразен профил.
На TikTok се појави видео од целата процедура, каде што јасно се гледа трансформацијата на нејзиното лице. Иако процедурата беше брза и минимално инвазивна, ефектот е драматично забележлив – нејзиниот профил доби нова, поелегантна форма.
Поврзани објави
Бресквица не го криела задоволството – со насмевка на лицето, таа гордо го покажа резултатот пред своите фанови. Оваа промена ја направила токму поради лична желба, бидејќи, како што велат нејзините блиски, одамна размислувала за овој зафат.
Фановите ја преплавија со позитивни коментари, пофалувајќи ја за храброста и за одличниот избор кој уште повеќе ја истакна нејзината младешка убавина.
printskrin Youtube-blic tv