Почетна ЕкономијаБраво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации – МАКТЕЛ

Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано пресреќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК среде Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп. Лазаров истакна дека е премногу горд на своите момци Македонци кои покажаа како се брани македонскиот ракомет во Европа. „Мора да им честитам на момците! Секоја чест за овие момци Македонци! Се гордеам со нив! Се договоривме да бидеме храбри и мудри, и така беше во текот на целиот натпревар иако воопшто не беше лесно со оглед на целокупниот притисок. Голманите беа на одлично ниво. Да, сите допринесоа многу да дојдеме до оваа голема победа од четири разлика, но мора да знаеме дека имавме вкупно 18 одбрани. Да не беше така сигурно и резултатот нема да беше тој. Се што се договоривме во 90% го исполнивме на мечот“ – ни изјави Лазаров веднаш по мечот.