– Трикратен Европски Шампион, за мојата Македонија, за мојот народ, 2014/2015/2023. Бидете горди, испишавме нова историја – објави Стефановски на социјалните мрежи.
Последната трка сезонава за возеше во Хрватска, на „Бузетски дани“ на која и годинава нашиот автомобилист, организирано, имаше голема поддршка од македонските навивачи.Во саботата Иџе на првиот тренинг со својот „Хјундаи и30 ТЦР“ беше првопласиран со време од 2:37.409.

Во рамките од групата „3“ првата трка исто така беше најдобар рекорд и повторно забележа нов рекорд. Неговото време беше 2:33.278, пред Италијанецот О`Плеј и Хрватт Вилиам Продан.Стефановски доминираше и во рамките од втората трка (2:33.750), О`Плеј исто така се најде на второто место, а овојпат трет заврши Милован Весниќ од Србија.