На средбата меѓу лидерите на Белград и Приштина не беше можно да се решат меѓусебните несогласувања. Ова денеска го изјави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, и посочи дека косовскиот премиер Курти, не е подготвен да го отпочне процесот кон формирање на Заедницата на српските општини, но инсистирал на де факто признавање на Косово.По средбата Борел истакна дека патот на двете страни кон ЕУ е преку дијалог и дека формирањето на Заедницата на српските општини е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите.
„Без нормализација, нема да има европска иднина ниту за Косово, ниту за Србија“, предупреди Борел.
Тој додаде дека со Курти и Вучиќ се обидел да најде решение за напредок врз основа на предлогот на ЕУ, но дека Курти не е подготвен да постигне напредок и да започне кредибилен процес кон формирањето на ЗСО и де факто инсистирал на признавањето на т.н на Косово, додека Вучиќ го прифати предлогот на ЕУ.
Борел рече дека формирањето на Заедницата на српските општини е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите и дека е клучно преговорите за статутот на ЗСО да започнат без натамошно одлагање.Тој додаде дека на средбата разговарале за кризата на северот на Република Косово и дека се фокусирале на имплементацијата на договорот за патот кон нормализација на односите, кој, нагласи, е клучен за процесот на нормализација.