Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска објави дека започнува прибирање на податоци за вработени во МВР коишто имаат прекувремена работа на годишно ниво и кои имаат право да добиваат бонус плати согласно Колективниот договор. За периодот од 2017 до 2022 година, од Буџетот на МВР беа исплатени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра за бонус платите. Ова подобрување на статусот на вработените во МВР е од императивно значење за ова раководство на МВР, а поединечниот износ на бонус платите во МВР се зголемува. За илустрација, бонус платата во 2017 година изнесуваше 22.928 денари, додека во 2022 година бонус платата изнесуваше 31.859 денари, што претставува зголемување на износот од безмалку 40%. Ова подобрување на статусот на вработените е важно за гарантирање на безбедноста и борбата против секаков вид криминал.
Бонусот за прекувремена работа на вработените во МВР со над 150 часови во 2022 година ќе се плаќа.
88