Почетна ЕкономијаБОМБА НА МИЦКОВСКИ: На заклетвата и во странство ќе го користам уставното име а бугарскиот диктат не го прифаќам

БОМБА НА МИЦКОВСКИ: На заклетвата и во странство ќе го користам уставното име а бугарскиот диктат не го прифаќам

од nenad
1 минути читај за

Мандатарот Христијан Мицковски на прашање на интервју во вестите на тв Сител отворено без заобиколување кажа дека на заклетвата кога ќе стане премиер во собранието ќе го користи уставното име (Република Северна Македонија) и со тоа ќе го затворел ова прашање кое  е многу актуелно по одбивањето на новата председателка Силјановска на заклетвата а и подоцна во секоја прилика да одбегнува да го користи уставното име со додавката Северна по договорот со Грција познат како Преспански договор .

„Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на правната држава и примената на законите од страна на сите граѓани, вклучувајќи ги и политичарите.Мицкоски дополнително објасни: „уставното име на државата е јасно, не треба сега тука ние да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име тоа е со придавката“.