Почетна МакедонијаБожиновски за бугарскиот клуб: Ламбе ги затвори уште пред 9 месеци, само сега стигна написмено

Божиновски за бугарскиот клуб: Ламбе ги затвори уште пред 9 месеци, само сега стигна написмено

од nenad
1 минути читај за

Централниот регистар на Македонија денеска сподели добра вест, и официјално формално престана да постои бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов”.

Божидар Божиновски се присети на палењето на клубот од страна на македонскиот естраден уметник Ламбе Алабаковски пред неколку месеци и на Фејсбук напиша:

– Ламбе ги затвори уште пред 9 месеци, само сега стигна написмено… – напиша Божиновски на Фејсбук.

Причината за престанок на клубот е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.

Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

Leave a Comment