Почетна ПопуларноБог нѐ сака такви какви што сме, тоа е Божјата луда љубов, му рекол Папата на трансрдово лице

Бог нѐ сака такви какви што сме, тоа е Божјата луда љубов, му рекол Папата на трансрдово лице

од nenad
1 минути читај за
t

Папата Франциск на трансродово лице му рекол дека „Бог нѐ сака такви какви што сме“, објавија ватиканските медиуми.

Неговите зборови беа кажани во подкаст каде папата Франциск слушаше и одговараше на аудио пораки пред католичкиот младински фестивал во Португалија следната недела.

Една од пораките дојде од Гиона, Италијанка во раните дваесетти години, која рече дека е растргната од „дихотомијата меѓу нејзината католичка вера и нејзиниот трансродовиот идентитет“.

Папата одговори дека Господ е секогаш со нас, „дури и кога сме грешници, тој ни се приближува да ни помогне“.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

„Господ нѐ сака такви какви што сме. Тоа е Божја луда љубов“, изјавил папата.

Католичката црква учи дека членовите на ЛГБТ заедницата треба да се третираат со почит, сочувство и чувствителност и дека треба да се почитуваат нивните човекови права.

Дали Црквата треба да им даде поголемо добредојде на ЛГБТ поединците, на пример со благословување на нивните бракови, останува чувствителна тема.

.