Почетна ПопуларноЛукашенко: Специјалната операција на Русија во Украина беше неизбежна

Лукашенко: Специјалната операција на Русија во Украина беше неизбежна

од nenad
1 минути читај за

Специјалната воена операција во Украина е само детаљ во глобалната конфронтација за мултиполарниот свет, а доколку започнеше подоцна, ќе имаше многу понепријатни последици за Москва и Минск, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко во програмата „Москва. Кремљ. Путин“ на ТВ „Русија 1“.

Белорускиот лидер оцени и дека Западот, спроведувајќи ја својата политика, налета пред се на Русија.Лукашенко нагласи дека Русија успеала да го спречи развојот на сите овие непријатни настани и да продолжи да се бори за мултиполарен свет.„Тоа е во интерес на сите: Кина, Индија, Африка, Латинска Америка и арапските земји. Тоа му е најважно. Тоа што ние завршивме на оваа страна од барикадите, а Западот од другата страна е случајност, бидејќи, уште еднаш ќе повторам, пред се бевме нападнати“, нагласи белорускиот лидер.

.