Старлетата одбила брак и милионски подароци поради верата
Станија Добројевиќ повторно е во центарот на вниманието поради љубовна приказна која доаѓа од Америка. Според информации, богат бизнисмен со еврејско потекло е сериозно заинтересиран за неа. Тој не крие дека сака брак и има јасни намери. Сепак, неговата желба доаѓа со еден сериозен услов.
Станува збор за сопственик на синџир хотели и повеќе недвижности низ САД, кој живее во Мајами. Тој е постар од Станија пет години и досега не бил женет. Како што се наведува, тие се запознале преку заедничка пријателка. Контактот се случил токму во периодот кога таа сакала да продолжи понатаму по врската со Асмин Дурџиќ.
Поврзани објави
Изворите откриваат дека бизнисменот ја опсипува со скапи подароци и знаци на внимание. Секојдневно ѝ испраќа цвеќе, пијалоци и луксузни подароци на адресата во Мајами. Дури и за време на снимање реклама, на сетот ѝ пристигнале 101 црвена роза и дијамантска огрлица. Таа брзо сфатила од кого доаѓа изненадувањето.
Иако ѝ се допаднал и како личност и поради сериозните намери, Станија го одбила без двоумење. Причината била неговото барање таа да ја промени верата. Дури ни понудата да ѝ препише луксузна зграда во Мајами не ја поколебала. Таа јавно изјави дека никогаш не би ја сменила својата вера и дека моментално е фокусирана само на својот бизнис и личното заздравување по минатите врски.
printscreen instagram/stanijadobrojevic