Утрово во просториите на општина Гази Баба имав работна средба со Заменик министерот за Локална самоуправа Ерџан Селими со кого разговаравме на повеќе теми, помеѓу кои и актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Градот Скопје.
Заедно заклучивме дека е целосно неприфатлив игнорантскиот однос кој го има раководството на Градот Скопје кон проблемите со кои се соочуваат скопјани. Нефункционалноста на Јавните претпријатија е резултат на недостаток на стручност и компетентност во нивното раководење.
Дополнително разговаравме и за подготвеноста на општина Гази Баба за најавата од Владата на Република Македонија за финансиска поддршка за реализација на проекти, при што го информирав заменик министерот дека како локална самоуправа посветено работевме на изработка на проектна документација и подготвени ќе го дочекаме јавниот повик од Владата.