Платени блокатори го спречија концертот на Јелена Карлеуша
Долгоочекуваниот концерт на Јелена Карлеуша во Смедерево беше откажан поради организирана група хулигани. Пејачката објави снимка на која се гледаат лица доведени од Бечеј и Нови Сад за дневници, кои изведувале обреди пред црква и правеле нереди. Таа нагласи дека безбедноста на публиката и нејзината сигурност биле приоритет.
Карлеуша изјави дека „шокираниот народ“ немо гледал како хулиганите скокаат и врескаат пред празната бина. Таа додаде дека нема да дозволи да биде загрозена публиката, па затоа решила да не настапи.
Тоа им е политичка програма кој мислат дека ќе им донесе подобар живот,“ иронично порача таа.
Поврзани објави
Видеото може да го погледнете ОВДЕ
Нејзиниот портпарол Зоран Бирташевиќ потврди дека групата била вооружена со камења, јајца и шишиња, со план да нападнат. Инцидентот предизвика големи реакции во јавноста и прашања за тоа кој стои зад ваквите организирани блокади.
printskrin Youtube – jelena karleusa