13
15/09/2025 14:18
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ објави дека утре наутро во 07:30 часот ќе организира демонстрации со препречување на мостот „Близнаци” што ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.
„Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ“, се наведува во соопштението за претстојниот протест од „Стоп за Вардариште“.
Од иницијативата потсетуваат дека во изминатите денови одржуваа протести на истата локација, но во вечерните часови.