Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно потврди дека САД и дозволиле на Украина да користи американско оружје на територијата на Русија.Во интервју за „Гардијан“ Зеленски кажа дека компромитирачкиот став на Белата куќа чини животи и го повика Бајден да ја надмине својата трајна загриженост за можна нуклеарна „ескалација“ со Русија.
„Политико“ претходно, повикувајќи се на добро информирани извори, објави дека американската администрација и дозволила на Украина да користи оружје од американско производство во нападот на Русија, но само во близина на областа Харков.Рускиот претседател Владимир Путин пред три дена ги предупреди западните земји дека ќе претрпат „тешки последици“ доколку дозволат Украина да користи западно оружје во нападите на руска територија, а истото денеска го стори и заменик секретарот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател и премиер на Руската Федерација, Дмитриј Медведев