Почетна МакедонијаБИТОЛСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА МЕЧКАТА ОД ФОТОГРАФИЈАТА СО ДРАНГО Се чекаат доказите на „Анима Мунди“

БИТОЛСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА МЕЧКАТА ОД ФОТОГРАФИЈАТА СО ДРАНГО Се чекаат доказите на „Анима Мунди“

од nenad
1 минути читај за




Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, денеска објави фотографија од заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго, со мртва мечка која е од незаконски лов. Здружението најави кривична пријава и побара одговорност од Дранго.
Основното јавно обвинителство од Битола денеска отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“.

„По објавата по медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило. Обвинителството ќе се обрати до Здружението ‘Анима мунди’ да ни ги достават нивните материјали како и евентуалните пријави кои ги доставиле до МВР или други државни институции“, изјавија од обвинителството за дел од медиумите.
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, денеска објави фотографија од заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго, со мртва мечка која е од незаконски лов. Здружението најави кривична пријава и побара одговорност од Дранго.Дранго за дел од медиумите денеска изјави дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој и вработени во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.