106
Луц Лајхсенринг, член на извршниот одбор на „Клабкомишн“ (Clubcommission) во Берлин, мрежа на клубови и културни промотори, вели дека ознаката на УНЕСКО „ќе ни помогне да обезбедиме клупската култура да биде препознаена како вреден сектор достоен за заштита и поддршка“.
Според УНЕСКО, нематеријалното културно наследство се однесува главно на културни форми на изразување, кои се директно поврзани со човечката креативност и традициите, а кои луѓето ги пренесуваат низ генерации и постојано се развиваат.Ова меѓу другото, вклучува практики, ритуали, вештини и изведувачки уметности како што се музиката, танцот и театарот, кои треба да се сочуваат и да се одржуваат во живот.