Почетна ЕкономијаБербок во посета на Киев

Бербок во посета на Киев

од nenad
1 минути читај за

– Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска пристигна во Киев во знак на поддршка за Украина, во посета која претходно не беше најавена поради безбедносни причини.

Германската министерка ја увери Украина за континуираната поддршка во пресрет на претстојната трета зима на војна и тековните руски напади врз инфраструктурата.

– Германија, заедно со многу партнери ширум светот, цврсто стои на страната на Украина, рече Бербок.

– Ќе ги поддржуваме Украинците се додека им требаме за да можат да го следат нивниот пат кон праведен мир. нагласи таа.

Шефицата на германската дипломатија утрово со специјален воз пристигна во главниот град на Украина. Ова е осмо патување на Бербок во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

јт/Фото: Х .

Извор: МИА