Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан, Матео Бруни изјави дека папата Франциско во интервју за швајцарскиот јавен сервис RSI, кое беше претходно објавено, не побарал од Украина да се предаде, како што објавија некои медиуми, туку имал намера да повика на прекин на огнот и да укаже на „храброста на преговорите“.
Тоа е едно толкување. Но, верувам дека посилен е тој што ја гледа реално ситуацијата, кој мисли на народот, и кој има храброст да преговара
Поглаварот на Римокатоличката црква истакна дека преговорите се можни со помош на меѓународните сили и дека е неопходно да се има „храброст да се преговара“, додава Vatican News.Ројтерс и бројни други светски медиуми претходно објавија дека папата Франциско рекол дека Украина треба да најде храброст и, како што наведе, да подигне „бело знаме“ и да преговара со Русија за завршување на војната.Интервјуто на Папата дадено за швајцарскиот јавен сервис. RSI, според најавите, во целост ќе се емитува на 20 март како дел од новата културна програма