Почетна Македонија(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР исфрли над  30 тони вода, локализиран пожарот кај Бељаковце и Стрезовце

(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР исфрли над  30 тони вода, локализиран пожарот кај Бељаковце и Стрезовце

од nenad
0 минути читај за




Денеска (12.09.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Бељаковце, кој се проширил на два крака и кон селото Стрезовце, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-412 ЕП врз пожарот исфрли над 30 тони вода.