Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе изврши напор да ги натера останатите држави членки на НАТО да ги покачат своите издатоци за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ, кога утре ќе отпатува на самитот на одбранбената алијанса, соопшти денеска претставничката за печат на Белата куќа, Каролин Левит.
“Една од главните теми на дискусија ќе биде овој праг од пет проценти што нашите сојузници во НАТО треба да го достигнат,” изјави Левит.
“Долго време, претседателот (Трамп) ги повикуваше нашите сојузници во НАТО да сторат повеќе.” Таа додаде: “Тој ги притискаше да се засилат и да сторат повеќе за време на неговиот прв мандат, а ќе го слушнете претседателот како зборува за тоа за време на следното историско патување во Европа.”
мс/фото: ЕПА