Почетна ЕкономијаБез вода денеска дел од корисниците во Карпош

Без вода денеска дел од корисниците во Карпош

од nenad
0 минути читај за

Фото: https://pixabay.com/photos/faucet-sink-tap-tap-water-flow-3240211/

01/09/2026 8:33
ЛОКАЛНО

Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Ташкенска“, „Мексичка“ и „Хаванска“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинатото водоснабдување е поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Хелсинки“ бр. 53.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот до завршување на санацијата на дефектот.