Пејачката Ана Николиќ сподели на социјалните мрежи низа пораки од својот поранешен партнер, композиторот Горан Ратковиќ Рале, во кои тој ја моли за прошка и изразува длабоко каење за своето однесување.
Пред неколку дена, Ана јавно соопшти дека ја завршила врската со Рале, со што стави крај на едно животно поглавје, без намера да се навраќа на минатото. Детали за причините на раскинувањето не беа откриени, сè до објавата на видеоснимка на Инстаграм, каде што таа прикажува како ги чита неговите пораки – полни со покајание, љубов и вина.
Ти благодарам, Ана, што беше покрај мене кога никој друг не беше, што простуваше нешта што никој не би простил, што и кога беше уништена, полумртва, беше моја самовила. Што секогаш беше храбра за двајцата, што правев сè што ми велеше ‘не’, што заминував и се враќав… Што беше човек, жена, сестра, љубовница… Што ме сакаше и кога самиот себе се мразев…“, пишува Рале во една од пораките.
Во продолжение, тој признава:
А јас бев одвратно арогантен и дрзок. Ветував сè, а не остварив ништо. Наместо да те направам најсаканата жена, затоа што жената е убава колку што е сакана, јас се обидував да ти ја одземам магичната прашина со која ги запираше времето и просторот секогаш кога ќе се појавеше. А ти ме имаше за приоритет – од првиот до последниот ден.“
Поврзани објави
Во завршната порака, тој ја моли Ана за прошка:
Толку бев огрезнат во својот безобразлук, што колку повеќе беше добра – толку повеќе те мразев. Се плашам до смрт да не останам без тебе, а направив сè тоа да се случи. Заборавив една клучна работа – дека ти, Ана, не си жена што минува, туку жена каква што се среќава еднаш во животот. Подготвена си да се жртвуваш кога љубиш. Јас не сум ништо од тоа – и тајно ти се восхитував, а во исто време те презирав. Не сум роден за големи нешта како тебе. За среќа се потребни мускули. Додека сум жив, горко ќе се каам што бев одвратна ништожност, што не те заслужуваше. Прости ми, ако можеш – но знам дека го барам невозможното.“
По овие пораки, Ана откри дека со Рале сакала семејство и дете. Дали ќе му прости – останува да видиме.
Фото: Инстаграм