Почетна МакедонијаБајден назначи жена за командант на морнарицата

Бајден назначи жена за командант на морнарицата

од nenad
1 минути читај за
t

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот ја номинираше адмиралката Лиза Франкети за командант на морнарицата, потег кој ќе ги отстрани претходните полови бариери во американската војска, а Фрачети ќе стане првата жена која командува со морнарицата, како и член на генералштабот на армијата, пишува Јутарњи.

Одлуката на Бајден беше ненадејна. Властите во Пентагон очекувале тој да го номинира Самуел Папар, кој командува со морнарицата на Пацификот и има искуство со сé поголемите предизвици поставени за САД од страна на Кина.

Сепак, Франшети, актуелниот заменик шеф на морнаричките операции, беше меѓу кандидатите за кои се верува дека се борат за оваа функција.

Бајден во изјавата истакна дека Франшети има 38 години искуство.